Леснина Ми Д.О.О. е компанија која ја продолжува традицијата започната во 1959 година, кога е отворен првиот салон за мебел на Леснина во Скопје. Нашата основна дејност е производство и трговија на висококвалитетен мебел, а нашата компанија денес е еден од највлијателните и најзначајните производители на плочест мебел во Република Македонија.
Пасионирани сме во однос на она што го произведуваме и продаваме, а нашите напори се движат во правец да направиме соодветни ентериерни решенија за Вашите домови (состави за дневни соби, кујни, трпезарии, спални и детски соби) и Вашиот работен простор (канцелариски мебел).
Компанијата е оформена и активно постои на пазарот веке 51 година, период во кој бележи константни успеси. Во Леснина Ми Д.О.О. денес работат 40 вработени, со кои организациската структура е поделена на производство со големопродажба и продажба на мало во салоните во Скопје и Гостивар. Седиштето и производствениот погон се лоцирани во Скопје на Ул. Првомајска 100, а продажните салони во:
· Скопје – Ул. Даме Груев бр.2 – (во строгиот центар на градот, зад Собранието на Р.М.)
· Гостивар – Ул.Беличица б.б.
Освен во сопствените продажни салони, нашите производи можете да ги најдете во салоните за мебел на повеќе фирми во Македонија и тоа: “Ал-Мак”, Струмица ; “Гир – Риг”,Охрид ; “Џи – Ви”,Гевгелија ; “Линеа”,Гевгелија ; “Дома Мебел”,Скопје и “Зона Мебел”,Скопје.
Леснина Ми Д.О.О. доста успешно ги пласира своите производи и на пазарите надвор од Македонија, поточно во: Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција и Бугарија.
Со цел да биде во постојан близок контакт со потрошувачите Леснина Ми Д.О.О. секоја година учествува на саемот за мебел во Скопје, каде вообичаено ги претставува своите новитети на годишно ниво и има добиено повеќе награди и признанија.
Леснина Ми Д.О.О. има тенденција да произведува современ мебел со безвременска естетика, во склад со потребите и желбите на потрошувачите.
Референтна листа:
1. Деловница на АЛФА БАНКА Кавадарци;
2. Дирекција на СВИСЛИОН Скопје;
3. Дирекција на ФАРЕКС Скопје;
4. ОПШТИНА Пласница;
5. Дирекција на СЕПОК ТОТАЛ РИСПОНС Скопје;
6. Хотел ПРЕСПАТУРИСТ Ресен;
7. ВЛАДА НА Р.МАКЕДОНИЈА- Министерство за одбрана;
8. Хотел МАК ОИЛ Дојран;
9. Дирекција на АС-ОИЛ-М1;
10. Дирекција на ИНДО МИНЕРАЛС Скопје;
11. ВЛАДА НА Р.МАКЕДОНИЈА- Секретаријат за законодавство;
12. Дирекција на СТАРТЕР БАНКА Куманово;
13. МАКОИЛ Скопје;
14. Црква Св.СПАС село Драчево;
15. Државна комисија за спречување на корупција;
16. ВИДЕОДАТА Скопје;
17. СВИСЛИОН МАК Скопје;
18. Дирекција за безбедност на класифицирани информации- Скопје;
19. АН-КИ ИНЖИЊЕРИНГ – Скопје;
20. Дирекција на ТИНЕКС МАРКЕТИ- Скопје;
21. ВЛАДА НА Р.МАКЕДОНИЈА- Комисија за верификација на факти;
22. РТВ “НАУАТ”- Сараево.