ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ОКОЛИНА СПОРЕД БАРАЊАТА НА ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015
ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот како систем на работа и истиот е од големо знaчење и е на највисоко ниво.
Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни, еколошки и безбедни производи и услуги од областа на проектирањето и производството на мебел. Системите за управување со квалитет, околина и бзр според барањата на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018 континуирано се надгледуваат и унапредува со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на Системите за управување со квалитет, околина и бзр е темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа во согласност со барањата на меѓународните стандардиISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ се обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги и производи.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.
- ЛЕСНИНА МИ Д.О.О. СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност во согласност со соодветните прописи и закони за заштита на здравјето и безбедност при работа.
Скопје, 13.05.2019 година
Директор Љубе Неделковски