Опис

Ако сонувате за софистицирана кујна, во која секој детал има важност, тогаш оваа кујна е совршено решение за вас.

Со хармонично решение, тренди материјали и модуларност од 60цм, дава резултат на силен дизајн и моќна сценска поставеност.

Долните елементи се изработени во медијапан боен и обработен со рачка за отварање под 45’, во топла капучино боја.

Горните елементи се изработени во профилиран медијапан боен и обработен со рустика покет профилација во топла бела боја.

Дрвената нијанса на актуелниот Хикори даб, дава нота на топлина и елеганција, која се надополнува со  “Callacata Michalangelo”  плоча од  “Laminam”.

Севкупно механизмите се од производителот Hettich кои овозможуваат меко и беcшумно затворање на вратничките и фиоките.